Во спортската сала вчаравечер се одржа празничата манифестација „Куманово танцува“. Студијата за модерен балет и танци од Куманово приредија спектакуларен танцов перформанс со вкупно 17 кореографии, во ритамот на познати домашни и светски нумери, детски песни, класична музика и една заедничка изведба со наслов „Ѓердан”, со која ги истакнаа убавината на играта, младешкиот дух и заедништвото.
„Музичкиот хепенинг со симболичен наслов „Куманово во срцето” го отвори градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски со пригодни зборови пред многубројната публика и претставници од општинската администрација, нагласувајќи ја богатата музичка традиција и урбаната денс култура на градот, чии танчери низ годините освојуваат бројни признанија и награди на престижни светски сцени, претставувајќи го родниот град и татковината“, се наведува во соопштението испратено до медиумите.