Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа традиционалната празнична средба на градоначалникот Максим Димитриевски со поранешни градоначалници на Општината, претставници на Армијата, Министерството за внатрешни рабои, Здружението на полициски и армиски ветерани, Сојузот на борци.Средбата е по повод одбележување на 77 години од ослободувањето на Куманово и 502 години успешно постоење.