Во чест на одбележувањето на 507 години од постоењето и 82 години од ослободувањето на градот, организиравме празнична средба за поранешни градоначалници и претседатели на Советот на Општината, претставници на државни институции и здруженија на граѓани во салата на Општина Куманово, објави Општина Куманово.
Според објавата, на пригодниот настан присуствувале претставници на Сојузот на борци од НОБ и антифашистичката војна на Македонија (1941–1945) и граѓани продолжувачи – Општински одбор Куманово, претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани од активен и резервен состав на Куманово – ЗАПВАРС, претставници на СВР – Куманово и Територијалната противпожарна единица – ТППЕ Куманово.
„На приемот разменивме искуства од досегашниот период во развојот на Општината и споделивме идеи за нови иницијативи, прогресивен развој и идни достигнувања, кои ќе бидат од витално значење за граѓаните на Куманово“, пишува во објавата.