Пратеникот Бране Петрушевски утревечер гостува во СТАВ

-Имаше ли „таен договор“ меѓу ОК ВМРО-ДПМНЕ и Максим Димитриевски на локалните избори, зошто ВМРО-ДПМНЕ ја испушти шансата да ја преземе локалната власт покрај огромната поделеност во СДСМ, договорено ли е мнозинството во Советот и дали советниците од ДПМНЕ ќе имаат можност да одлучуваат наредните четири години заедно со советниците од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“, зошто ВМРО-ДПМНЕ беше против СДСМ, а поддржа „социјалдемократ“, ќе има ли смени во раководството на ОК ВМРО-ДПМНЕ? На овие, но и на други актуелни прашања одговара пратеникот и претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Бране Петрушевски во емисијата СТАВ, која ќе се емитува утревечер со почеток во 20 часот на ТВ Плус. Следете не!

 

Коментари

коментар(и)