Партиципативното тело за урбанистичко планирање на град Куманово се формираше да придонесе во транспарентноста во процесот на урбано делување и партиципативноста на граѓанските организации во него. На првата работна средба се избраа органите на ова тело: претседател, заменик и секретар – кои доаѓаат од комисијата за урбанизам, а беа разгледани и две предлог плански програми. Деловникот за работа е донесен од Советот на Општина Куманово, минатата година во октомври.