Прв меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“

Во сабота ќе се одржи првиот меѓународен меморијален боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“.

-Петровиќ е најзаслужен за освоените олимписки, европски и светски медали од нашите боксерски асови, за што и самиот е добитник на многубројни награди и признанија од кои една престижна од боксерскиот Сојуз на Македонија, за „тренер на векот“ и во 2000 година од европската боксерска федерација го бил признанието за „најдобар тренер“-се вели во соопштението од организаторите.

На теренот во Соколана со почеток од 18 часот ќе започне боксерското првенство, а од 19 и 30 часот и официјалниот дел од турнирот, кој е под покровителство на градоначалникот и Советот на општина Куманово и боксерската федерација.

Коментари

коментар(и)