Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во содејство со полициски службеници од ПС за БПС Куманово на подрачје на месноста „Соколански парк“ во Куманово, спроведоа превентивно-едукативна активност од областа на безбедноста во сообраќајот, информира МВР.
Во фокусот на активноста беа возачите на мотоцикли како учесници во сообраќајот, а во непосредна комуникација полициските службеници им укажуваа за важноста од почитување на заштитно-безбедносните мерки, како што е задолжителното носење на кацига. Воедно, на возачите на мотоцикли и мопеди им беа делени и едукативни летоци изработени во соработка со РСБСП.