Преводот повеќе не се третира како стока која се набавува

Предводот повеќе не се третира како стока која што се набавува, има подобрувања и видлива е потребата за ангажман на преведувачи и толкувачи. Ова го истакна претседателката на Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија, Огнена Никуљски која денеска присуствуваше на годишното собрание на здружението, кое се одржа во Куманово.

Се повидлива станува потребата за ангажман на преведувачи и толкувачи, проблеми има во однос на третманот на професијата, но има и подобрувања, посочи претседателката на Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија, Огнена Никуљски која денеска присуствуваше на годишното собрание на здружението, кое се одржа во Куманово. Таа истакна дека со активностите на здружението пред Бирото за јавни набавки и Министерството за правда, во судовите значително е подобра состојбата па преводот повеќе не се третира како стока која што се набавува.

-Се повидлива станува потребата да се ангажираат преведувачите и толкувачите, за подобрување на својот статус и положба во општеството и воопшто како да се вреднува и наплати трудот кој што ние го вложуваме и која ни е професија од која што живееме. Има одредени подобрувања така што преводот престана да се третира како стока која се набавува, туку се третира не најниска цена туку и со други квалификативи како што е стручност, и способност за завршување на одредена работа, а во судовите испративме исто така документ во кој даваме предлози за измена и дополнување на нивниот деловник за да може оние што ќе бидат ангажирани во судовите да бидат соодветно тренирани, наградени-нагласи Никуљски.

Таа дополни дека здружението работи на професионалниот развој на своите членови, со тоа што организираа низа работилници на различни теми, со кои разменуваат искуства. На денешното 10-то собрание на здружението се избира ново раководство, но и се разгледаа извештаите за работа за минатата и оваа година.

Досегашната претседателка информираше и дека ова собрание се одржува во Куманово, затоа што голема група преведувачи и толкувачи поттекнуваат од овој град, но и затоа што е повеќејазична средина.

Коментари

коментар(и)