Малолетник е прегазен вчеравечер на булеварот „Октомвриска револуција“. Со телесни повреди е префрлен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, соопшти Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според полицијата, синоќа во 19:10 часот во СВР Куманово пријавено e дека на булеварот „Октомвриска револуција” се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „голф” управувано од 23-годишно лице удрило во малолетно лице.
Како што посочуваат надлежните, малолетното лице се здобило со повреди констатирани во Општа болница Куманово од каде лицето е префрлено во Ургентен центар „Мајка Тереза”.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.