Прегазен 70-годишен велосипедист од Режановце

МВР информира дека вчера било пријавено дека во 14.00 часот на булеварот „Октомвриска Револуција“, патничко моторно возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 32- годишен кумановец удрило во велосипедист, 70-годишен жител на селоto Режановце, по што го напуштил местото. Велосипедистот бил пренесен во кумановската болницата, но поради сериозноста на повредите бил префрлен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што утрово во шест часот починал.

Денеска, по преземените мерки и активности од полициски службеници од СВР Куманово бил пронајден возачот С.М. и во службен разговор во полициска станица го признал делото, соопштија надлежните.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)