Предавање за електричен отпад во „Христијан Т.Карпош“

Во рамките на проектот „Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем“ , а во соработка со Електроелект и Шпаркасе банка денеска во основното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“  се одржа предавање за отпад од електрична и електронска опрема под мотото „ Селектираме, рециклираме“ .

-Во текот на месец септември беа направени низа работилници и активности од ликовен конкурс во рамките на часовите по ликовно. Беа соберени творби и испратени на адреса на Електроелект . Петте најуспешни творби ќе земат учество на ликовниот конкурс и најуспешните ќе бидат наградени со Медо штедо, штедна книшка. По повод месец на рециклирање октомври и 13-ти октомври одбележување на овој значаен датум од еко- календар три наставнички од нашет училиште подготвија презентација за нашите ученици од шесто до осмо одделение, изјави Даниела Стефановска, координатор на проектот.

Основната цел на проектот е подигање на еколошката свест и информирање за правилна реупотреба на електричен отпад, посочува координаторот  Даниела  Стефановска.

-Во дворот на училиштето имаме поставено и контејнер за електричен отпад , во секоја училница има поставено кутии за собирање на батерии , тоа трае во текот на целата година , се знае дека потоа батериите ќе си најдат својата употреба, изјави  Стефановска.

Предавањето беше наменето за учениците од шесто до осмо одделение.

Коментари

коментар(и)