Предолга дискусија за користење тениски терени на 52-та седница на Советот (ВИДЕО)

Продолжението на 52-та седница на Советот на Општина Куманово започна со долга дискусија за една од точките на денешниот дневен ред што се однесува на правилникот за работа на тениските терени што се на располагање на кумановци и оние што допрва се во план да се изградат. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски, го запраша предлагачот од секторот за спорт, Цоки Ристовски, каква е таа одлука тенис да не се игра под 20 степени Целзиусови, зошто пропаѓа теренот кај долниот кеј и дали можеби треба да се регулираат подобро попладневните и вечерните термини за нашите рекреативци.