„Мали чекори кон здрав живот – храни се здраво, биди активен низ игра, радувај се на животот!” е проект со цел да се воспостават здрави навики, преку визуелно препознавање и развивање на логика кај децата, со вклучување на родителите во интерактивните работилници. Проектот се спроведува по одржаниот Јавен повик за финансиска поддршка за организирање на превентивни мерки и активности, во областа на социјална и детска заштита.
Дел од проектните активности беа одржани вчера во објектот Развигорче на градинката „Ангел Шајче”. Во работилницата учествуваа деца од најголемата возрасна група од градинката, нивните воспитувачки, медицинска сестра – едукатор и претставници од Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита од Општина Куманово.
Беа реализирани пет активности, препознавање и сортирање на храна (здрава/нездрава храна), цртање и изработка на здраво мени, игра со коцка: „Јади здраво, расти здраво!”, цртање и боење на омилено овошје и зеленчук и табела со ѕвездички – „Што изеде денес?”
Активностите ќе продолжат и во другите објекти на градинката, во текот на наредните месеци, во организација на Здружението на виши и средни медицински сестри, техничари и акушерки – Куманово, информираат од општината.