Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на 2 Август во Пелинце

На одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце годинава ќе присуствува претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Како што најавуваат од нејзиниот кабинет, во Пелинце е предвидено да одржи говор, по што ќе се упати во Србија.

Таму во манастирот Прохор Пчински ќе има средба со нејзиниот колега Александар Вучиќ со кој заедно ќе го одбележат празникот.

Коментари

коментар(и)