Претседателката на „УНИТ“ утре на суд

Претседателката на здружението на стечајни работници, Лилјана Георгиевска утре треба да се појави на судење во скопскиот Основен суд 1 поради нарушување на јавниот ред и мир и предизвикување на материјална штета на протести пред Владата. Прекршочната пријава против Георгиевска е од 2014-та година. Иако таа деновиве примила две покани од судот за истото дело во два различни термини, сепак вчера кога отишла во Скопје била известена од адвокат дека станувало збор за грешка и дека судењето ќе биде одржано на 19-ти октомври.

– Имам прекршочна пријава наводно за нарушување на ред и мир , сум направила штета на прво судење ми рекоа дека сум скршила ограда пред Владата , ова е притисок , за исто дело на 17 и 19 октомви да одам на суд.

Додека бевме во Скопје ми дадоа подршка стечајците, ме почитуваат, ја блокиравме крстосницата, мирен беше протестот кај  судот , ние сме принудени на протести , не сме обештетени,  не пристиска сиромаштија, неправдите, изјави Лилјана Георгиевска, Здружение на стечајни работници „УНИТ“

Георгиевска потенцира дека верува во судските органи и се надева на позитивно решение што се однесува до судскиот процес.

-Имам доверба во судските органи, не се сите судии корумпирани, со протести продолжуваме секој понеделник или петок на излез и влез во градот, изјави Георгиевска.

Стечајните работници кои повеќе од една деценија протестираат по улиците низ државата, бараат по 6.000 денари до пензионирање, парични средства кои би ги искористиле за купување лекарства и храна.

Коментари

коментар(и)