Од дневниот билтен на МВР ги издвојуваме следните настани.
Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчеравечер, 15 минути пред полноќ полициски службеници лишиле од слобода 23-годишен кумановец затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 15:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 53-годишна жена од липковско село, постапувајќи по претходна пријава дека се однесувала агресивно и упатувала закани на нејзината 18-годишна ќерка. Таа била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.