Приведени двајца возачи заради возење во алкохолизирана состојба
Од дневниот билтен на МВР ги издвојуваме следниве настани:
МВР соопшти дека синоќа во 23.20 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишиле од слобода 37-годишен кумановец. При контрола на патниот сообраќај било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „рено“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,68 промили. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ ќе биде понесена и против 34- годишен жител на Крива Паланка, соопшти МВР. Според надлежните, тој вчеравечер во 22.10 часот на магистралниот пат Крива Паланка- Деве Баир со товарно моторно возило „волво“ излетал од коловозот и се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом во Крива Паланка, а било констатирано дека има 1,57 промили алкохол во крвта .