Министерството за внатрешни работи информира дека вчеравечер во 18.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишиле од слобода тројца жители на село Луке, кривопаланечко на возраст од 19, 24 и 44 години.
„Тие се сомничат дека го убиле 84-годишен жител на истото село, кој на 29.03.2025 год. бил пријавен за исчезнат. Телото на починатиот било пронајдено закопано во непосредна близина на неговата куќа во с. Луке, а увид извршила екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.
По насока на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.