Општината ќе гради нов кружен тек

Започнати се подготовките за изградба на нов кружен тек на крстосницата помеѓу булеварот „Октомвриска Револуција“, улицата „Доне Божинов“ и крак од улицата „Братство единство“.

Тендерот за избор на градежна компанија е завршен во декември, лани. Општината за изградбата на кружниот тек одвои скоро 23 милиони денари (22.599.761,20). Кружниот тек ќе има површина од 4.776 метри квадратни. Изградбата предвидува расчистување на просторот, проектот опфаќа реконструкција на дел од улиците кои гравитираат на тоа подрачје, современо осветлување, асфалтирање.

Претходно oпштината во неколку наврати одвои средства за експропријација на земјиштето.