Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 19 и 17 години.
Според полицијата, тие се сомничат дека со уште неколку лица на улицата „Лесковачка“ физички нападнале 21-годишен кумановец при што употребиле и тврд предмет. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави.