Полициски службеници од СВР Куманово вчера по 17 часот лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 36 и 61 година бидејќи физички нападнале и се заканувале со остар предмет на полициски службеници кои преземале мерки за питачење, соопштија надлежните.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Претходно, во 14 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во соработка со Центарот за социјални работи, на плоштадот „Нова Југославија“ затекнале 68-годишна кумановка при питачење. Против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.