Приведени кумановци за физички напад на малолетници
Полициски службеници вчера лишиле од слобода петмина кумановци на возраст, на возраст од 19 до 27 години бидејќи на 04.01.2025 година во угостителски објект на улицата „Ѓорче Петров“ во Куманово физички нападнале двајца малолетници, соопшти СВР Куманово. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.