Полициски службеници од СВР Куманово вчера околу 17 часот лишиле од слобода двајца малолетници од Куманово, соопштија надлежните.
Според полицијата, тие се сомничат дека на 21.09.2026 со употреба на сила влегле во деловен објект на улицата „Маршал Тито“ и одзеле пари. Малолетниците биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.