МВР соопшти дека вчера во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода тројца кумановци на возраст од 35, 44 и 47 години. При претрес во домот на 35-годишниот кумановец , извршен со судска наредба во кој биле затекнати другите две лица, кај 47 -годишниот кумановец биле пронајдени и одземени прашкаста материја и дигитална вага. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, информираат надлежните.