Приведен бегалец од затворoт во Куманово

Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција – потраги Центар и Бит Пазар вчера лишиле од слобода 31-годишен скопјанец,  кој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Кшање – Куманово за доиздржување затворска казна од една година и осум месеци, а бил осуден на четиригодишна казна.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето било приведено во 21:20 часот на улица „Герника“ во Скопје и предадено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Коментари

коментар(и)