Полициски службеници вчеравечер лишиле од слобода 39-годишен жител на село Отља, липковско, затоа што му одзел мобилен телефон на свој соселанец на возраст од 62 години, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Според полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.