Приведен крадец од Куманово
Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 26-годишен кумановец. Тој се сомничи дека во декември лани, одзел повеќе предмети од приватен имот на улицата „Перо Чичо“ во вредност од околу 280.000 денари. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а крадецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.