Приведен крадец, признал три кривични дела

Лишен од слобода 35-годишен кумановец, информира кумановската полиција. Тој се сомничи дека во февруари извршил три кражби од приватни имоти и одзел повеќе предмети. Е.И. бил задржан  во полициска станица и во службен разговор ги признал извршените кривични дела. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.