МВР соопшти дека вчера на Граничниот премин Табановце, полициски службеници лишиле од слобода 66-годишен граѓанин на Куманово, со живеалиште во Република Србија, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во евиденцијата било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница за издржување казна затвор. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.