Приведен кумановец заради напад на друго лице

Кумановската полиција приведе кумановец, бидејќи нападнал жител на Љубодраг во угостителски објект, соопшти денеска СВР Куманово.

– Денеска во 02:20 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 41-годишен кумановец затоа што во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“  физички го нападнал 58-годишен жител на  село Љубодраг кумановско- соопшти полицијата.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)