Од дневниот билтен на МВР ги издвојуваме настаните:
Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 56-годишен кумановец бидејќи физички го нападнал и со остар предмет се заканувал на таткото на неговата сопруга. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 27 и 28 години бидејќи биле затекнати при купопродажба на марихуана. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.