Приведен кумановец за кражба во стовариште

Дваесет и шестогодишен кумановец приведен заради кражба, информира Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 13.30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А. (26 години) од Куманово, бидејќи непосредно пред тоа извршил кривично дело кражба во стовариште на ул.„Биљановска“, при што кај него биле пронајдени украдените предмети. Истиот бил приведен во полициска станица Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од полицијата.

Коментари

коментар(и)