Приведен кумановец за кражба

Од СВР Куманово информираат дека утрово околу 10.45 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода  29-годишен кумановец.  Околу 10.15 часот тој одзел предмети од патничко моторно возило во близина на автобуската станица во Куманово, а потоа бил фатен од полициски службеници при обид да одземе предмети од друго патничко моторно возило на улица „Доне Божинов“ во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Д.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)