Приведен кумановец за наркотици

Триесет и четиригодишен кумановец вчеравечер бил приведен по судска наредба од Основен суд Куманово за издржување затворска казна.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, тој се барал за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,психотропни супстанции и прекурсори“.

Приведениот бил спроведен во Казнено-поправната установа Идризово Скопје за издржување на казната.

Коментари

коментар(и)