Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер околу 20 часот привеле 28-годишен кумановец.
При претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, соопштија денеска од МВР, биле пронајдени и одземени околу 350 грама кокаин и две дигитални ваги.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.