Полициски службеници од СВР Куманово синоќа го лишиле од слобода кумановецот С.И. Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во вторникот влегол во деловен објект во Куманово и одзел повеќе предмети. „При преглед на неговото возило биле пронајдени предметите и тие се вратени на сопственикот., а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, се наведува во соопштението од МВР.