Приведен кумановец по распишана потерница за издржување затворска казна

МВР соопшти дека на 05.09.2024 во 22.35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Х.M.(41) од с. Сопот, кумановско, кој бил баран по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор од две години, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, лицето има изречена затворска казна за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи “ по член 396 од Кривичниот законик– Х.М. бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Куманово“ за издржување на казната, стои во соопштението.

Коментари

коментар(и)