Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера попладне на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода 38-годишен државјанин на Косово. При гранични проверки и пасошка контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувана возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.