Пристигнаа долгоочекуваните вакцини
Вчера, на граничниот премин Табановце се изврши примопредавањето на првата пратка вакцини што пристигна како подарок од соседна Србија, а што владата ги обезбеди преку механизмот КОВАКС. Директните контакти со производителите Фајзер од САД и Синафарм од Кина, го овозможија првиот пакет со 4.680 од вкупно 8.000 вакцини за македонското население. Пријавените над 23.000 граѓани за примање на вакцината, меѓу кои како приоретни се здравствените работници, со радост ја примија веста и ја поздравија солидарноста како израз на традиционално добрите односи со република Србија.