Продолжуваат акциите за озеленување на градот

Во тек е формирање на нови дрвореди на повеќе локации во Куманово и дополнување на стари дрвореди со нови 250 листопадни садници од Јавното Претпријатие „Чистота и зеленило“ .

Во следниот период ќе се  засадат дополнително уште 200  зимзелени садници, 350 перени и 200 украсни грмушки.

-Ќе продолжиме и понтаму да ја озеленуваме и разубавуваме нашата животна средина-напиша на својот профил на Фејсбук, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Коментари

коментар(и)