(ВИДЕО)Светски ден на дијабетесот – 14 Ноември

Под мотото „Соочени со предизвиците на дијабетесот во Македонија-дејствуваме пред да стане непоправливо“ денеска Сојузот на здруженија на дијабетичари го одбележува 14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот. Немање континуитет во достапноста на современа терапија, пристап до медицински помагала за мониторинг на гликемијата, како и недостаток од континуирана и структурна едукација, се предизвиците со кои се соочуваат пациентите болни од дијабетес. Во Куманово, во организација на Центарот за дијабет, а во соработка со здравствената струка од средното училиште „Наце Буѓони“ , светскиот ден се одбележува со акција за мерење на шеќер во крвта кај средношколците.

Коментари

коментар(и)