Продолжува поддршка за ранливите категории граѓани во Куманово. Општина Куманово и оваа година ќе субвенционира плаќање на сметки за комуналии, информираа надлежните од Секторот за социјална, детска и здравствена заштита. Се работи за три програми, кои се усогласуваат со потребите на граѓаните, но ќе бидат во согласност со измените што ги предвидува новиот закон за социјална заштита. Општината ќе трансферира средства за потрошената вода и изнесување на комунален смет до двете јавни претпријатија во Куманово „Чистота и зеленило“ и „Водовод“, но вкупната сума не смее да надминува 1.200 денари.
-Се обидуваме оваа година за самохраните родители ќе бидат опфатени околу 100 семејства за субвенции за вода и смет. Што се однесува за оние што во изминатиот период беа најбројни, стечајните работници според новиот закон за стечјани работиници кој беше усвоен минатата година и кој веќе се применува, стечајните работници поднесуваат барања за одредени финансиски средства се до исполнувањето на условите за пензија. Таа бројка ќе се намали и со законот над 90 проценти се опфатени, така општината има предвидено финансиски средства за околу 120 лица, кои во првите шест месеци ќе бидат субвенционирани се додека не ја поминат онаа законска работа за да добијат обештетување од законот за стечајни работници-истакна раководителот на секторот, Цоки Ристовски.
Ваква субвенција ќе користат и еднородителските семејства од Куманово.
-Останува еднократната парична помош за семејствата кои се погодени од елементарни непогоди или подолг временски период се лекуваат, и таа социјална категорија каде е предвидено два пати годинишно во мај и септември мораат да поднесат барање за одредено субвенционирање, зависно од која категорија спаѓаат има опдредени фианснсиски средсва од 3000 до 60000 денари, нормално врз основа на критериумите кои треба да ги исполат за да добијат одредена парична помош-дополни Ристовски.
Годинава, општината ќе одвои 400 илјади денари за еднократна парична помош и помош во натура за најранливите категории кумановци. Барање за исплата на еднократна парична помош можат да се поднесуваат два пати годишно, но едно семејство може да добие помош само еднаш во годината.