Продолжува акцијата „Здравје за сите“ на Здравствен дом

Жителите на Режановце имаа можност бесплатно превентивно да се прегледаат во рамки на акцијата „Здравје за сите“ која ја спроведе екипата на Здравствен дом во селото. Тие ги направија превентивните проверки, кои опфаќаа мерење крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта, а во меѓувреме добија и совети од лекарите за понатамошно лекување. -Има интерес за акцијата. Дел од граѓаните веќе имаат хронична терапија, им дадовме совети како да ја пијат терапијата, совети во однос на различните температурни разлики, покрај редовната терапија, да пијат и повеќе течности, а им беа дадени совети за одвикнување од пушење, инфорираа од установата. Бесплатни прегледи на крвен притисок, шеќер и холестерол во крвта ќе се организираат и во наредниот период, најавија екипите од Здравствен дом од каде потсетија дека вакви акции се организирале и во руралните средини во општините Липково и Старо Нагоричане.