Проекти за унапредување на наставата, најави Марковска

„Куманово е општина што вложува во знаење, во модернизација на наставата и во создавање услови секој ученик и студент да напредува“, кажа Моника Марковска на денешната прес-конференција одржана во централниот изборен штаб на Движењето ЗНАМ во Куманово.

Марковска најави конкретни проекти за унапредување на наставниот процес, создавање современи услови за учење, спорт и младински развој.

Дел од нив се: реконструкција и доопремување на објектите на централните и подрачните училишта со фокус на енергетска ефикасност и пристап за лица со попреченост, реконструкција и изградба на нови спортски сали, целосна реконструкција и доопремување на УОМО „Панче Пешев“ и др.

„Отворање технолошки зони и модерни ИТ кабинети со нови компјутери и брз интернетпартерно уредување и осветлување на училишните дворови, како и целосна реконструкција на повеќе конкретни училишта меѓу кои ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Битолски Конгрес“ во село Лопате, ООУ „11 Октомври“ во селото Долно Којнаре и ООУ „Вера Которка“ во село Клечовце, реконструкција на спортските сали во ООУ „Крсте Мисирков“, ООУ „Толи Зордумис“, ООУ „Бајрам Шабани“, ООУ „Наим Фрашери“, како и изградба на нова типска сала во ООУ „Карош“ – село Умин Дол, целосна реконструкција и доопремување на УОМО „Панче Пешев“ и промовирање на инклузивна средина во сите училишта. Нашата цел е јасна: преку образованието да создадеме генерации подготвени за предизвиците на новото време, но и свесни за своите корени, култура и вредности. Секој млад ум е искра надеж за подобро утре. Затоа, вложуваме во образованието – затоа што токму тоа е силата што ќе го движи Куманово напред“, истакна Марковска.