Проект „ Спорт – да, дрога- не

Ученици од основни и средни училишта од Куманово денеска беа вклучени во спортските активности што ги организираше Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи од Куманово во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“. Натпреварите во мал фудбал што се одиграа денеска  беа поддржани и од општина Куманово, односно од Општинскиот сојуз на спортови и Сојузот на училишни спортови од Куманово. Инаку, активностите се дел од повеќегодишниот проект  за борба против злоупотреба на дрога  насловен „Спорт –да,  дрога –не“. Оваа манифестација која што се органзира секоја година го промовира спортот, музиката , културните активности наспроти злоупотребата на дрога од страна на малолетни лица, велат од Отсекто за превенција.

– Учествуваат сите основни училишта од подрачјето на Куманово. Целта на манифестацијата не е од натпреварувачки карактер , училиште против училиште, туку од секое училиште има пријавено ученици машки и женски екипи во мал фудбал, по случаен избор се формираат по четири екипи во двата спорта. Целта е дружење, комуникација, меѓусебна соработка во постигнување на една цел – денеска да се победи во натпреварот, а во животот да се победи против пороците, зависностите кои што се со штетни последици по младите лица, изјави Виолета Богдановска, Отсек за превенција при СВР Куманово

Потребата за вакви  превентивни активности од отсекот за превенција произлегува од фактот што полицијата се уште евидентира малолетни корисници на наркотични средства.

-Секако дека со повеќегодишно работење на полицијата има регистрирани и малолетни лица, за жал, корисници на дрога. Инаку, покрај спортски активности се одржуваат и едукативни трибини, предавања, работилници, со целна група ученици од шесто до деветто одделение, во средно образование , родители, наставници, буквално на секоја средба со граѓаните постојано се укажува и се работи на тоа, а се со цел да се информираат  за последиците  од злоупотреба на дрога и да се влијае младите да не посегнуваат по истата, изјави Виолета Богдановска, Отсек за превенција

Претседателот на општинскиот  Сојуз на училишни спортови, Ивица Ѓорѓиевски посочува дека оваа активност трае повеќе од 10 години во заедничка соработка со СВР Куманово. На денешниот мини турнир учествуваа мешани екипи, машки и  женски , од 14 училишта од Куманово и Старо Нагоричане. Целта е да се мотивираат младите да изберат спорт наместо дрога. Секоја година имаме различна дисциплина, истакна Ѓорѓиевски.

Коментари

коментар(и)