Промовирана книгата „ По што га препознавамо Куманово“ (ВИДЕО)

Батко Ѓорѓија, Соколана, Занатски дом, Кумановска бања, Спомен Костурница се само дел од објектите по кои е препознатлив нашиот град, а се опишани во најновото издание на авторот Мирко Зафировски.  Книгата насловена „По што га препознавамо Куманово“ беше промовирана денеска во Занаетчискиот дом, на кумановски дијалект, кој авторот Зафировски го користи и при пишувањето. Книгата за животот во Куманово пред 60-тите, 70 –тите и повеќе години е резултат на неговата перцепција на случувањата од детството и младоста, сеќавањата на постарите генерации, како и фотографиите и документите за животот во градот претходно. Во книгата може да се прочита и за прекарите на кумановци и за кумановци.

На промоцијата се обрати и градоначалникот Максим Димитриевски кој ја поздрави иницијативата на авторот Зафировски да напише и издаде втора книга на оригинален кумановски дијалект.

Авторот Мирко Зафировски завршил Учителска школа и Филозофски факултет- Педагогија. Повеќе од 20 години работи на стручно унапредување на училишни педагози и психолози, како и на директорите на училиштата во државата. Тој е еден од основачите на Здружението за грижи и воспитување на децата од кумановскиот регион. Автор е и на брошури, прирачници и романи за деца.

Коментари

коментар(и)