Промовирани училишни сообраќајни единици

„Недела на безбедност во сообраќајот во Куманово“ е насловена сообраќајно -едукативната кампања која што Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата започна да ја реализира во Куманово, но и на ниво на државата. Поголем број сообраќајно- превентивни активности и акции на засилени контроли ќе се спроведат наредните неколку денови во рамки на кампањата, во соработка со локалната самоуправа, основните училишта и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, информираат надлежните.

Денеска во просториите на основното училиште „Крсте Мисирков“  беше промовирано и формирањето на училишните сообраќајни единици.

-Во рамките на кампањата ќе бидат реализирани голем број на активности, едукација на младите, средношкоците,  едукација на учениците во основните училишта , едукација на учесниците во сообраќајот, пешаците, возачите итн. Покрај останатото, во рамките на кампањата ќе бидат формирани и училишни сообраќајни единици.  Целта на формирањето е поголема вклученост на децата , од една страна едукација на децата , а од друга страна и нивно вклучување во процесот на регулирање на сообраќајот, изјави Ристо Манчев, секретар на РСБСП

Членувањето во училишните сообраќајни единици согласно Правилникот  е доброволно, а целта е учениците заедно со претставници од МВР да помагаат  при влез и излез на учениците во училиштата,  да го регулираат сообраќајот  за безбедно паркирање во близина на училиштата, заедно да учествуваат во организација на сообраќајни манифестации и унапредување пред се на сообраќајната култура, на етиката  и на правилата на начинот на однесување на учесниците во сообраќајот.

-Го организираме овој едукативен настан со цел да направиме едукација на учениците од основно образование и да формираме сообраќајни единици кои што ќе бидат во служба на побезбедно и посигурно движење на самите ученици околу основните училишта, изјави Бојан Петковски, Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата

– Една порака од мене и од учениците кои што денеска учествуваат на работилницата да ги посоветуваат своите родители како правилно да учествуваат во сообраќајот,  како да го користат возилото, а да внимаваат и на нашите најмили и најмали, тоа се учениците и пешаците кои што се активно вклучени во сообраќајот. Еве една голема можност да се стекнат со ова знаење, а тоа знаење да го пренесат и на нивните врсници ученици ,изјави Алексадар Јовановиќ, директор на ООУ„Крсте Мисирков“

На првиот час од промоцијата на училишните сообраќајни единици учествуваа ученици ,членови на сообраќајната секција во училиштата со своите професори по техничко образование. Денеска се одржа првиот час од обуката од вкупно превидените 36 часа. Во училишните сообраќајни единици се вклучени ученици од седум основни училишта.

-Со почеток на второто полугодие поинтензивна обука ќе следува во однос на сите правила, прописи, познавање , работа на терен на самите ученици кои што се во училишните сообраќајни единици како да го регулираат, контролираат безбедното движење на учениците во училиштата што значи дека секое училиште на подрачје на Куманово ќе има свои училишни сообраќајни единици , зависно од бројот на ученици ќе има и толку соодветен број на ученици кои што ќе учествуваат, Виолета Богдановска, Отсек за превенција во СВР Куманово

На часовите кои што треба да се одржат во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот  на патиштата ќе бидат вклучени авто-школите и сообраќајниот испитен центар во Куманово , а практичната работа учениците ќе ја учат од полициските службеници.

Коментари

коментар(и)