(ВИДЕО) Промовиран спотот за „Воли ме“ на Марио Арангеловски

„Воли ме“ е најновата песна на поп пејачот Марио Арангеловски која заедно со видео спот беше промовирана вчеравечер во просториите на Занаетчискиот дом. Текстот е на Саша Миниќ, а музиката на Иле Спасев.

-Ова е моја прва промоција во животот, ова е мој прв видео запис во животот и превозбуден сум затоа што не знам како треба да изгледа иако работам како некој што организира генерално промоции на други луѓе, но се надевам дека сите присутни ќе си поминат супер. Имам смислено некој концепт кој нема да трае повеќе од дваесетина минути и сметам дека со самото тоа ќе им го задржам вниманието на сите. Песната трае околу три минути што мислам дека е сосема доволно за да ја пуштат луѓето на  оти е летна и онака „вози“. Станува збор за песна на српски јазик, по учеството во „Ѕвездите на Гранд“ одлучив некако да ги искористам овие пет минути и да направам нешто на интернационален јазик на Балканот, ако можам така да се изразам, работевме заедно со Иле Спасев и Саша Миниќ, кога е песната во прашање, спотот го работеа дечки од „Урбан рекордс“  така што спотот веќе го има на мојот  youtube канал и на сите можни платформи за дистрибуција на музика, изјави Марио Арангеловски, пејач на поп музика

Арангеловски е роден 1995 -та година во Куманово, а својата пејачка кариера ја започнува во повеќе музички натпреварувања во Македонија и на Балканот, како што е X Factor Adria, а учествуваше и на српското шоу „Ѕвездите на гранд“. Студирал социологија на Филозофскиот факултет во Скопје,  а вработен е во Општина Куманово.

Марио е дел и од новата песна за Куманово насловена  „Ода за Куманово“ објавена во организација на Фондацијата за култура и спорт, а поддржана од градоначалникот и Советот на општина Куманово.

Коментари

коментар(и)