Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер со почеток во 18 часот, во малата сала, ќе биде промовирана книгата „Во главата пишувам расказ“ од авторите Елизабета Баковска и Сашо Димоски. Промотор на книгата е Оливера Ќорвезироска.
Промоцијата е дел од годишната литературна програма за 2022 година поддржана од Министерство за култура. Книгата „Во главата пишувам расказ“ е фото книга или фотографска мапа, која е резултат на соработка помеѓу авторката и фотографот.
Нарацијата е дополнета со фотографии, со што се засилува визуелното доживување и перцепирање на книгата од страна на читателите.