Пронајдени и одземени прехранбени производи без декларација

Полициски службеници при извршена контрола на крстосница за село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, на  патничко возило „опел вектра“, со кумановски регистарски ознаки управувано од Д.С. (34 години) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, откриле поголемо количество прехранбени производи без декларација и без соодветна документација. За случајот бил известен инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство – Подрачна единица Куманово, кој излегол на местото и констатирал прекршок од Законот за безбедност на храна. Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, а производите ќе бидат уништени, информира полицијата.

Коментари

коментар(и)